Едвард Џозeф: Партнерството со Русија, Србија ја води во ќорсокак

Потпишување договор за слободна трговска зона со Евроазиската економска унија и потенцијално членство на Србија во таа организација, која ја предводи Русија, ќе биде пат без излез за Србија, предупреди Едвард Џозeф, долгогодишен политички аналитичар за предизвиците на Балканот и предавач на Институтот за меѓународна политика на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.

Тој истакнува дека таквата руска иницијатива кон Србија не е изненадување, додавајќи дека во иднина ќе има слични потези.

Џозеф истакна дека се надева оти претседателот на Србија Александар Вучиќ е свесен колкава штета ќе и направи на својата земја со евентуално членство во Евроазиската економска унија, која е во напреднат процес на преговори со Европската унија.

Translate »