Мемоарите откриваат детали за разводот на Маркл со поранешниот сопруг
Кога Меган Маркл решила да стави точка на бракот со продуцентот Тревор Енгелсон 2013 година, реагирала брзо, практично и помалку сурово.
Наместо од својот дом лично да се упати во Лос Анџелес, каде со сопругот живеела во бунгалов, Меган свршеничкиот и свадбениот прстен го пратила по пошта.
Енгелсон, кој својата тогашна сопруга ја запознал на сет на серијата „Костуми“, додека нејзината слава почнувала, бил скршен од ненадејното барање на Меган за развод, едвај две години по нивната венчавка.
Овие информации испливале во новата биографија на Меган и истите ја менуваат сликата за идната симпатична принцеза. Биографијата е напишана од страна на Енди Мортон во која ја опишува Меган Маркл како комплексна личност. Таа отсекогаш сонувала за тоа да стане принцеза, а желбата ѝ била да стане како Дајана, изјавила нејзина блиска пријателка од училиште.
Мортон открил и дека Меган се ослободила од сите блиски луѓе во својот живот кои не одговараат со нејзиниот моментален социјален и професионален статус.
Енди Мортон се прослави со книгата за Дајана, во која изнел грст информации за пропаднатиот брак на принцезата, а во ист правец тргнал и сега. Кралското семејство не се огласило за сето ова