Ослабнете со лимон
За да ослабнете на здрав и сигурен начин на вашето тело му треба здрава храна и редовно вежбање.
Но за губење на килограмите нужно е и здраво варење за калориите од храната да се процесуираат и вредните супстанции од храната да стигнат во вашето тело. Ако вашиот систем за варење не функционира, повеќето обиди за слабеење ќе бидат значително побавни.
Сокот од лимон има високо ниво на лимонска киселина која го стимулира системот за варење и помага да се намали влијанието што го има слатката храна на вашиот организам.
Исечете го лимонот на пола и исцедете ја едната половина во чаша од 2,5 дл. Додадете вода со собна температура. Ова е важно затоа што тоа значи дека на вашето тело нема да му биде потребен дополнителен напор за загревање на сокот и ќе може веднаш да почне со процесот на варење на лимонадата. Колку што е водата поладна, толку повеќе време ќе треба за да почне варењето.
Добро измешајте ја лимонадата и испијте ја наеднаш. Важно е лимонадата да биде прво нешто што ќе го испиете наутро затоа што на тој начин има најдобро дејство. Другата половина од лимонот завиткајте ја во пластична фолија и оставете ја за следното утро. Испијте секое утро незасладена лимонада пред појадок. На тој начин вашиот метаболизам ќе почне да функционира и пред да ги внесете калориите во организамот, и ќе се поттикне вашиот систем за варење.
Сепак, лимонадата само по себе нема да донесе големи резултати. Таа го забрзува губењето на килограми, но само ако помалку јадете и ако повеќе се движите.