Грицки кои можете да ги конзумирате без грижа на совест

Иако можеби веќе сте се потрудиле околу здравиот и нутритвен појадок и ручек, веќе е 17 часот и вие размислувате на некаква лесна ужинка. Прво што ви паѓа на памет се грицките…не одземаат време за подготовка, брзи се и лесни за конзумирање, а ќе ви ја заситат потребата нешто да вкусите. Мора да признаете дека не е секогаш лесно да се издржи пред повиците за шеќери и слични задоволства, но обидете се да размислувате долгорочно и секогаш на прво место да ви биде вашето добро здравје и форма, па избегнувајте го белиот шеќер и грицките полни со масти  и конзерванси.

Всушност многу од нас не се ни свесни за тоа колку само задоволство и бенефити може да им донесат здравите грицки. Денес барем е лесно да се направи вистинскиот избор кога е во прашање хрантата, изборот е голем само ви е потребно скромно познавање и веќе сте на вистинската патека.

Во летниот период ноќите се долги па имајте една листа на грицки што може да ги наречете добредојдени и без грижа на совест секогаш да им се навраќате:

  1. Оризови галети

Една од ужинките на кои прво се сетивме се оризовите галети. Можеби на прва нема да ви звучат примамливо, но во комбинација со намаз од крем сирење вие добивате превкусна и идеална ужина. Нивната предност во летниот период е што не се расипуваат и имаат малку калории. Не содржат масти, а содржат хранливи материи што даваат чувство на ситост. Имајте предвид дека ова е ужинка исто така погодна за вашите најмали, па така заеднички можете да ги користите во текот на денот.

  • Микс од сушено овошје

Нема подобар начин да се задоволат потребите за шеќер од сушеното овошје. Бидејќи покрај природните шеќери тоа е богато со витамини и минерали како  што се: магнезиумот, железото, калиумот, минерланите соли, натриумот, бета-каротенот, витамините Ц, Е, антиоксиданси и сл. Па не е ни чудо ваквото богатство од хранливи состојки лесно да ви создадат чуство на ситост. Уште една позитивна карактеристика е дека го јакнат имунитетот и го намалува стресот. Затоа засладете се безгрижно со ваква закуска.

  • Јаткасти и зрнести плодови

Пивото никогаш не оди да го пиете „на гладно“… мешавината од бадеми, лешници, семки од тиква, сончоглед и соја се одлична комбинација за да ги проследите актуелните фудбалски наптревари! Семките од сончоглед и тиква се богати со омега-3 масни киселини, што помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината еластичност и цврстина. Додека јаткастите плодови изобилуваат со здрави маснотии кои претставуваат храна за мозокот и срцето.

  • Микс коктел (печена соја, сончоглед и семки од тиква)

Печената соја е одлична солена ужина. Оваа здрава ужина богата со протеин од соја и растителни влакна содржи ниско ниво на калории, што дава чувство на ситост. Доколку внесувате најмалку 25 гр. протеин од соја дневно како дел од исхрана со ниско количество заситени масти, тој може да ви помогне да одржувате здраво ниво на холестерол во крвта. Крцкава текстура ви овозможува да го доживеете задоволството од грицкање на храна.

Семките од сончогледот се полни со магнезиум, кој е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави, богат со витамин Б кој обезбедува обнова на оштетените ќелии и и создава нови, богати со витамин Е, важен витамин за здравјето и убавината на кожата. Сончогледот содржи и витамин Ц и антиоксиданси, кои се моќни борци против слободните радикали. Се смета дека сончогледот може да ја спречи и настинката.
А за семките од тиква, нема сомнеж! Луѓето ги користат повеќе од 3000 години во исхраната. Грицкајте семки од тиква за јакнење на имунитетот, за подобрување на расположението и намалување на стресот.

Се надеваме со предлозите ви помогнавме да ја поттикнете вашата фантазија и да согледате дека оддржувањето на баласот и не е толку тешка задача. Изборот на храна денес е многу поголем и со малку напор можете да живеете здраво без препреки и ограничувања. За полесна организација здравата линија на производи на Макпрогрес „Натура“ го овозможува тоа преку практичните пакувања на овие здрави грицки кои може да ви бидат на дофат на рацете во било кој дел од денот. 

И како совет за ова лето ви препорачуваме да јадете помалку масна и калорична храна и да вежбате повеќе. Пронајдете ја активноста во која најмногу уживате, јадете помали оброци што ќе се состојат од гореопишаните видови на храна, одмарајте, пијте доволно вода, бидете трпеливи и упорни и резултатите ќе бидат видливи.

Translate »