Леонардо Ди Каприо и Бред Пит заедно во филм на Тарантино
Леонардо Ди Каприо и Бред Пит заедно ќе глумат во новиот филм на Тарантино , чие дејствие ќе биде фокусиранo на убиствата на Чарлс Менсон во Лос Анџелес, пред педесетина години Тарантино објави дека филмот ќе се вика :” Си било еднаш во Холивуд”.
Тарантино на сценариото работел пет години. Тој вели дека во улогата на Шерон Тејт ја гледа Марго Роби, но не е исклучена и Џенифер Лоренс.
Се споменува дека во филмот би можеле да глумат и Том Круз, Ал Пачино и Семјуел Џексон.
Деветте убиства што се случија во Лос Анџелес во летото 1969 година ја згрозија Америка и светот, а меѓу убиените беше и Шарон Тејт, сопругата на режисерот Роман Полански. Одговорноста за убиствата ја презеде сектата The Family. Нивниот водач беше харизматичниот, суров и манипулативен Чарлс Менсон, лик со кој Америка се опседна по убиствата.