Мајка дои и крвари додека вежба јога
Понекогаш кај некои мајки се појавува постпородилна депресија која потоа влијае на целото семејство. Се појавила и кај Карли Бинер од Тексас која по раѓањето на првото дете одлучила да почне да се занимава со јога.
Нејзиното хоби не е никаква реткост, но оваа жена која денеска има 3 деца го зачуди светот со своите најнови фотографии на кои го дои своето најмладо дете во разни јога пози, и но и такви на кои се гледа дамка од менструално крварење помеѓу нејзините нозе.
„Доењето е целосно природна работа, а јогата ја користам како можност истовремено да направам нешто за себе. Како родители мора да издвоиме време и за себе затоа што не можеме да им пружиме на децата нешто кога сме и самите празни“, објаснила Карли и рекла дека комбинацијата од јога и доење ѝ помогнала да се ослободи од депресијата која ѝ се појавила по породувањето.
На вас е да одлучите што ќе мислите за овој начин на доење.