Поради климатските промени делови од Сибир може да бидат погодни за живеење

Кога станува збор за климатските промени, има многу малку добри вести, но нова студија открива несакан можен позитивен резултат на еколошката катастрофа. Излегува дека климатските промени може да направат големи делови од Сибир погодни за живеење.

Ова би можело да се случи најрано кон крајот на 21 век. Истражувачите од Федералниот истражен центар во Краснојарск, Русија и Националниот институт за вселена од САД ги истражувал моменталните и предвидел климатски сценарија за да излезат со сопствена теорија.

-Претходните миграции на луѓето биле поврзани со климатските промени. Како што цивилизациите развиле технологија која овозможила тие да се адаптираат, луѓето станале помалку зависни од околината, особено во однос на климата. Сакавме да сфатиме дали идните промени на климата можат да доведат до тоа помалку гостопримливите делови од азиска Русија да станат попогодни за живот за луѓето – истакнува Елена Парфенова од Федералниот истражувачки центар во Краснојарск.

За да ја направат анализата, тимот научницци ги истражувале температурите во јануари и во јули, како и годишните врнежи. Тие ги разгледувале нивните ефекти на три климатски индекси кои се важни за егзистенција на луѓето: потенцијал за еколошки предел, острина на зимата и покривката од пермафрост.

Потоа тимот ги проценил двете сценарија за репрезентативно движење на концентрацијата (РЦП) на јаглерод диоксидот. Првото, РЦП 2,6 посочувало благи климатски промени, а второто, РЦП 8,5 посочувало на подрастични промени.

-Утврдивме зголемување на температурите од 3,4 степени Целзиусови (РЦП 2,6) на 9,1 степени кон средината на зимата, зголемување од 1,9 степени (РЦП 2,6) на 5,7 степени (РЦП 8,5) кон средината на летото и зголемување на дождовите од 60 милиметри (РЦП 2,6) на 140 милиметри (РЦП 8,5) – истакна Парфенова.

Таа додава дека нивните симулации покажуваат дека со РЦП 8,5, до 2080-ите години во азискиот дел од Русија би можело да има поблага клима, со помала покривка од пермафрост – траен мраз (намалувајќи се од сегашните 65% на 40% од областа до 2080-ите години).

Сепак, според истражувачката, дури и во случај на потопли услови, би имало проблем во однос на инфраструктурата.

-Соодветниот развој на областа зависи од социјалните и економските политики на властите. Пределите со развиена инфраструктура и голем земјоделски потенцијал очигледно ќе бидат населени први – вели Парфенова.

Таа додава дека големи делови од Сибир и далечниот исток имаат слабо развиена инфраструктура.

Translate »