ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Македонија никогаш повеќе не треба да биде земја на евтина работна сила

„Наидовме на позитивни реакции кај инвеститорите и подготвеност заедно да работиме на развој на мерки и програми  со кои ќе се поттикне растот на платите преку зголемена продуктивност на трудот. Вложуваме во унапредување на вештините на нашите работници, со тоа директно вложувајќи во човечкиот капитал на земјава. Оти знаењето не може никој да им го земе ниту да го однесе одовде. Од овие причини го менуваме и фокусот кон привлекување поквалитетни инвестиции кои ќе донесат повеќе пари во буџетот, но и подобро платени места. Поставуваме фер правила на игра – ќе ангажирате домашни работници, но и ќе ги платите. И ова е еден од начините како да им обезбедиме перспектива и иднина на младите овде, дома. С. Македонија не е и никогаш повеќе не треба да биде земја на евтина работна сила.“

Јован Деспотовски од пред неколку месеци фотелјата во Фондот за иновации ја замени со онаа во Дирекцијата за технолошки развојни зони. Уште на почетокот најави нов пристап во работењето на институцијата којашто допрва ќе стане “една влезна точка“ за сите потенцијални и постојните инвеститори, и странски и домашни. Кон тоа ќе придонесе и интегрирањето на агенциите за странски инвестиции и за претприемништво во рамки на ДТИРЗ, како и новиот концепт во работењето на ТИРЗ кој се базира на четири столба, за коишто Деспотовски, меѓу другото објаснува во ова интервју за „Капитал“.

Г. Деспотовски, прво да разјасниме малку некои работи за нашите читатели… Опозицијата постојано обвинува дека нивото на СДИ е ниско како никогаш досега, од Владата велат дека, напротив,  изминативе 3,5 години се потпишани преку 30 договори за нови фабрики во земјава. Кажете ве молам, колку точно договори за странски (и домашни) инвестиции во слободните економски зони се потпишани откако се оперативни владите на СДСМ, од 2017 наваму? Колку од овие потпишани договори веќе резултирале со завршени фабрики, колку се’ уште се во фаза на изградба, а колку не се воопшто почнати?

2021 година ја започнавме со нова инвестиција во ТИРЗ Скопје. Германската компанија “Ипротекс“ инвестира 5 милиони евра и отвора триесетина работни места. Мала но значајна инвестиција која е предвесник на динамична и плодна инвестициска година. Во моментов, според првичните проценки, во тек на реализација се и инвестиции во износ од над 150 милиони евра кај германски „Гересхајмер“, канадската „Магна“, американската „Дура“, турски „Пурпласт“, втората фаза инвестиции во „Костал“. Четири компании, во изминативе три месеца откако сум во ТИРЗ, најавија инвестиции во проширување на  капацитетите и повисоки плати за вработените. Во директни разговори, компаниите веќе изразија поддршка за новиот концепт во на работење и новиот начин на поддршка кој им го презентиравме поради што очекувам ваквиот позитивен тренд да продолжи.

Инаку во однос на статистиката само во ТИР зоните во периодот од 2017 година до сега се потпишани 20 договори за нови фабрики во земјава. Осум од нив веќе активно работат и во нив до овој момент има над 560 вработени, секако со проекција на зголемување на овој број до крајот на реализација на инвестицијата, која е различна кај секој инвеститор. Седум од нив се во фаза на изградба од кои поголемиот дел во напредна фаза и наскоро може да се очекува нивно отворање. Со неколку компании договорите се раскинати. Остануваме отворени за соработка и да сослушаме, но како дел од новата стратегија ќе се прави профилирање на инвеститорите и квалитетот на инвестицијата. Принципот на одлука е едноставен – вратите ќе се отвораат за оние што понудат повисока додадена вредност, односно повисоки плати и повеќе пари во буџетот.

Да објасниме малку за јавноста: колку е реално долго времето помеѓу првичните контакти со странски инвеститор и почнувањето на градење на фабрика? Колку компликуван и тежок е тој процес, дали имало ситуации  да се изјалови работата во последен момент, кои се обично причините во такви случаи?

Комуникацијата со потенцијалните инвеститори од иницијалниот контакт, првата посета, па се’ до нивната одлука за инвестирање и почеток на градба е долг и сложен процес. Времетраењето на процесот на преговарање е индивидуално за секој инвестициски проект и трае од неколку месеци до неколку години. Еве на пример, процесот на преговори до договор со германската компанија “Гересхајмер“, инвестиција вредна околу 15 милиони евра, траел помалку од три години, а компанијата наскоро започнува со производство.  Секако дека не сите преговори или најави за инвестиции се реализираат. Најчесто раскинувањето на договорите е поради неиспочитувани рокови за реализација на планот на активности. Но, од друга страна имаме наши корисници кои веќе најавуваат проширување на своите производствени капацитети и воведување на нови производни линии, како и вложување во активности за истражување и развој овде кај нас. Тоа е показател дека тие го препознаваат новиот пристап во нашето работење, а земјата со своите економски политики успеала да се наметне како вистински партнер на инвеститорите.

poveke na Kapital.com.mk

Јован Деспотовски: С. Македонија никогаш повеќе не треба да биде земја на евтина работна сила

Translate »