Трагедија во Чаир, двајца браќа загинаа при отворање на канал: „Беа затрупани под земја кога пристигнавме“
во Чаир, утрово околу 11 часот загинале двајца работници, а еден бил повредени при ископ на канал во близина на зградата на ул. Кемал Сејфула.
Според неофицијални информации, двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата каде што сопственик бил нивниот татко.
Екипите за итна помош, како и пожарникарите, од местото на одронот извлекле двајцата веќе починати работници.
Пожарникарите успеала да извлечат жив само еден работник кој е повреден и згрижен во Градската болница „Св. Наум Охридски“.
„Кога дојдовме имавме сознанија дека неколку лица се затрупани. Извлековме три тела кои немаа знаци на живот. Четвртиот затрупан беше во добра здравствена состојба и го извлековме веднаш“, раскажува командирот на скопската бригада.
Во акцијата се вклучило и населението, а за тоа како дошло до несреќата се уште нема информации.