Компанијата „Бионтек“ има големи планови со заработените милијарди – во што ќе вложуваат по пандемијата на коронавирусот?
Компанијата „Бионтек“ има намера да се занимава со производство на вакцини за разни заразни болести
Германската фармацевтска компанија „Бионтек“ со својата вакцина против коронавируст е на врвот на светските фармацевтски компании – и научно и финансиски, но веќе размислува и за времето кое следи по оваа пандемија и подготвува огромни инвестиции во Сингапур, пренесува „DW“.
Во првиот квартал од минатата година, „Бионтек“ забележа загуба од 50-на милиони евра, но сите трошоци за истражувањата и вложувањата во тоа на крајот се исплатиле и моментално работат на зголемување на производството.
„Бионтек“ од Мајнц го зголемила својот промет во првиот квартал од 2021 година во однос на истиот период од 2020 година за над 70 пати – на околу две милијарди евра, а заработката се зголемила тројно, на околу 1,1 милијарди евра.
„Бионтек“ е подготвена за следните предизвици, а ќе има работа и по пандемијата на коронавирусот.
Специјалноста и натаму ќе им бидат вакцините против заразните болести – генетски модифицирани препарати кои ќе имаат голема улога во медицината, сè до борба против канцерот.
Кога станува збор за вакцината, „Бионтек“ планира седиште во југоисточна Азија во Сингапур, каде е планиран погон во кој ќе може да се произведуваат и до милијарди дози вакцини на годишно ниво.
Од „Бионтек“ не сакаат конкретно да зборуваат за висината на вложувањата, а како што наведува „DW“ станува збор за повеќе од стотина милиони американски долари.
Како што пренесуваат медиумите, Сингапур ја прифатил таа инвестиција, а тамошниот погон би требало да почне со работа веќе во 2023 година.