Косовската полиција дава 10 000 евра за информација за убиството на српскиот политичар
Косовската полиција нуди награда од 10 илјади евра за корисна информација поврзана со убиството на Оливер Ивановиќ.
Полицијата отвори и бесплатни телфонски линии 080019999 или- 192,како мејл адреса: info@kosovopolice.com и гарантира целосна тајност за оние кои ќе се јават.
Во меѓувреме премиерот Рамуш Харадинај за 18 часот свика седница на Советот за национална безбедност,околу актуелна безбедносна состојба во земјата.