ЗЛАТЕВ: НИЕ СМЕ ВО СИТУАЦИЈА ВО КОЈА ДУИ СО 15 ПРАТЕНИЦИ ЈА ПОСЕДУВА ЦЕЛАТА ДРЖАВА
-Мислам дека СДСМ и ДУИ дефинитивно ќе се договарат, бидејќи и на двете партии им зависи да се формира оваа коалиција. Форматот ќе биде 3 плус 1. Ова за мене и за секој кој има елементарни познавања од уставно право и политички поредок знае дека е силување на законите и донесување одлуки кои немаат ни правна основа, ни ја одразуваат волјата на граѓаните.
Ние сме во ситуација во која ДУИ со 15 пратеници ја поседува целата држава. Ако не биде 3 плус 1 ДУИ ќе ги има финансии и тоа ќе значи дека сме го оставиле волкот да го чува стадото, ако знаеме како функционира ДУИ последниве 20 години кога и да е на власт, рече новинарот Љупчо Златев во „Само вистина“.