Нов Зеланд: Се отвори дупка со должина на две фудбалски игралишта
Огромна дупка, со должина на две фудбалски игралишта и длабока колку шесткатна зграда се отвори на фарма во Нов Зеланд.
Дупката се појавила по неколкудневните обилни врнежи, во близина на градот Роторуа на Северниот остров.
Локалното население тврди дека дубката настанала на тоа подрачје бидејќи се урива подземен варовник.
Новозеландскиот вулканолог Бред Скот изјави дека дупката е трипати поширока од која и да видел претходно.
ФОТО: видео од Радио Нов Зеланд