ВИДЕО: Фантастични Алиоски и Лидс против Астон Вила, хет-трик на Бамфорд!

Вчера на стадионот во Бирмингем во шестото коло од Премиер лигата, составот на Лидс убедливо со 0:3 ја совлада екипата на Астон Вила.

До почетокот на овој меч Астон Вила од стартот на сезоната имаше четири победи по ред, но вечерва на домашен терен беше запрена нивната серија од играчите на Марсело Биелса кои се покажаа вечерва во одлично издание.

Во минатото коло Езџан Алиоски после репрезентативните настапи само од клупата го гледаше домашниот пораз на Лидс од Вулверхемптон, но на дуелот со Астон Вила доби целосна доверба од Биелса и истата на најдобар можен начин ја оправда.

https://hofoot.koravidup.com/embed/uXeleUZ1Yt4ED?autoplay=1&htmlplayer=1

Translate »