Родителите ја претепале и ја избричиле зошто се гледала со Србин

Родителите, чичкото и тетката на една млада босанска муслиманка која беше избричена затоа што се гледала со Србин во петокот беа осудени на една година затвор во Франција.Судот во Безансон на истокот од земјата воведе и петгодишна забрана за влез на француска територија на родителите на 17-годишното девојче.Аферата предизвика бурни реакции во Франција и во странство, бидејќи се потсети на судбината на илјадници избричени Французинки по ослободувањето, затоа што биле во контакт со германските војници за време на окупацијата.Девојчето и членовите на семејството на нејзиното момче пред судот изјавија дека ја однеле во просторијата каде што ја тепале четворица возрасни, а чичко ја избричил.Нејзините родители, чичкото и тетката признале „само еден или два шамари“ и рекле дека таткото ја избричил за да ја казни откако четири дена беше во бегство со три години постариот Србин „Моите родители ме тепаа со рацете и нозете“, рече младата муслиманка, објаснувајќи дека „се спротивставуваат на бракот и нивната врска поради религијата“.Членовите на нејзиното семејство ја негираат таа верзија, а чичкото изјавил дека „кога една млада девојка ќе направи голема глупост,и ја бричат главата, тоа е нејзина казна“.Четворицата обвинети тврдат дека не ја тепале Селма, таткото вели дека тој „само ја избричил, а мајката дека двапати ја плеснала.Но, тоа беше неубедливо објаснување за судиите по сериозен лекарски преглед – скршени ребра и бројни хематоми, поради што девојчето мина 14 дена во болница.

Translate »