Мажи внимавајте! Докторите велат дека острата болка во овој дел од вашето тело можеби е знак за коронавирус

Засега забележан е само еден ваков случај, а Универзитетот Харвард ‘се фрли’ на истражување на истиот.

Ковид-19 сè уште не е доволно истражен, а освен главните симптоми, за оние споредните дознаваме речиси секој ден…

Бидејќи моментално ширум светот заразени се над 2 милиони луѓе, медицинскиот факултет при Универзитетот Харвард предупредува на симптом кој се појавил кај мажите заразени од коронавирус.

Тие споделиле извештај за случајот на 42-годишниот маж кој што бил позитивен на вирусот, откако во болница пошол со силни болки во тестисите.

Иако во овој дел на телото докторите не пронашле ништо невообичаено, ЦТ скенерот покажал оштетување на белите дробови.

За жал поради нетипичниот симптом, неколку други пациенти и доктори несвесно биле изложен на опасниот вирус.

Иако останува нејасно, дали неговата болка во тестисите е поврзана со вирусот или пак не, познато е дека другите респираторни вируси можат да влијаат на тестисите.

Д-р Винеј од Бирмингем во разговор за „Дејли Мејл“ истакнал дека постојат одредени вируси кои што можат да влијаат на тестисите.

„Само времето може да покаже дали Ковид-19 предизвикува болка во тестисите. Пациентите со кои што јас сум работел го немаа тој симптом, а многу е возможно да не го пријавиле затоа што тоа во моментот не им била најголемата грижа“ – објаснува докторот.

Translate »