Временска прогноза
Во Македонија ќе биде променливо облачно. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде што ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Дневната температура ќе се движи од 20 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени.