Тивките херои од „Grand kafe“ Скопје: Запознајте ги луѓето кои стојат зад вашиот омилен ритуал
Животот овие денови е различен. Поминуваме повеќе време во своите домови, бидејќи така треба – бидејќи сме одговорни и свесни – се чуваме себе, но ги штитиме и другите. Условите се променија за секој од нас, но голем број луѓе во овие предизвикувачки времиња и понатаму се на своите работни места. Во фабриките, на улиците, во маркетите и поштите. Ни се чини, како „од сенка“ да помагаат полесно да го поминеме времето дома, уживајќи во нашите омилени ритуали и навики.
Зад завесите на овој функционален систем стојат илјадници луѓе кои, иако не се во центарот на вниманието, заслужуваат да бидат препознати како херои во периодот на карантин. За се’ да функционира онака како што бевме навикнати претходно, баш тие обични луѓе, придржувајќи се до мерките и препораките, ни овозможуваат да дојдеме до намирниците и производите кои ни се потребни, а животот и понатаму да ни биде исполнет со малите, слатки задоволства. Благодарение на нив можеме да бидеме мирни, но и да ги одржиме старите навики кои ни помагаат од утро до вечер, ни даваат енергија, ни ја враќаат насмевката на лицето и како да ни шепотат дека никогаш не сме сами. Колкупати помисливте на нив утрово, додека го пиевте првото кафе?
Една од тие навики кои им се омилени на многумина е токму пиењето кафе. Она вистинско, црно, моќно свежо мелено Grand кафе. Сигурно барем во еден момент, додека деновиве шетавте од кујната во дневната соба, се запрашавте на кого треба да му се заблагодарите бидејќи и денес можете безгрижно да уживате во топлината на вашиот дом, пиејќи го вашето омилено свежо мелено Grand кафе. Бидејќи тоа претставува нешто суштинско за одржување на среќно секојдневие, а пред се ги претставува мирисот и вкусот кои толку многу ги сакаме.
Луѓето вработени во фабриката на „Grand kafe“ во Скопје, дури и во овие услови посветено работат на тоа кафето со најдобар квалитет да дојде до секој еден од вас. Благодарение на нивната вештина и знаење, секоја ќесичка од вашето омилено кафе ги има аромата и вкусот кои ги сакате. Тие секојдневно се придржуваат до највисоките стандарди за производство и преработка, за вие да не мора да се откажете од уживањето и пиењето на шолја вкусно кафе во мирот и спокојот на вашиот дом.
„Овој период како за нас, така и за другите, е многу непредвидлив. Сите чувствуваме дека сме дел од истата ситуација и затоа се обидуваме да не размислуваме само на себе, туку на другите. На работните места сме максимално заштитени и претпазливи, исто како и дома. Работниот распоред ни се промени и сега работиме секој втор ден, поради што поретко ги гледаме колегите. Но, и понатаму ја чувствуваме блискоста меѓу нас“, вели Даниела Јовановска, вработена во одделот за контрола на квалитетот во „Grand kafe“ – Скопје.
Сите нам, кафето ни носи утеха, уживање и опуштање во напорниот ден, без разлика дали ја пиеме сами или во друштво. Но, за тоа да стигне до нас, потребен е труд на стотици луѓе кои ќе го селектираат вистинското зрно, ќе го преработат и ќе го спакуваат во уредна амбалажа која потоа ќе се најде на вашата полица. Можеби никогаш не сте помислите на ова, но сите тие луѓе се грижат за вас и вашите потреби, на некој начин.
„Во моментов повеќето колеги работат 12-часовни смени, секој втор ден. Но, јас и мојот колега од Одржување сме секој ден во фабриката, од 8 до 16 часот. Знаете, секое утро кога станувам пијам едно Grand кафе додека слушам некоја од моите плочи. Обично го пијам заедно со сопругата, но сега таа не е на работа и се обидувам да не ја будам наутро, па кафето го пијам сам. Додека сум на работа, пијам барем едно Grand kafa кога сум на пауза, и едно пред самиот крај на работниот ден, за да ме освежи. Ова го кажувам бидејќи знам колку се важни оние мали, секојдневни ритуали кои не’ одржуваат расположени. Токму тоа е мојата мотивација за да продолжам со работа во овој тежок период – помислата дека секој ден огромен број луѓе го очекуваат нашето кафе за да си го надополнат омилениот ритуал“, вели Владо Атанасов, вработен во одделот за техничко оддржување во фабриката на „Grand kafe“ во Скопје.
И денеска, како и обично, ја имате совршената шолја Grand kafa пред вас. Но, помислете како таа стигна таму – со помош на оние луѓе кои напорно работат бидејќи не сакаат да се откажете од вашите омилени нешта. Кога некој ја работи работата што ја сака, тоа го мотивира да биде подобар, да напредува и продолжи да се бори, без разлика на условите кои ги налага околината. А тоа е случајот кај секој еден од овие тивки херои.
Овој период, ако ништо друго, не’ научи колку е важно да се грижиме за себе и другите, бидејќи единствено така можеме заедно да ги надминеме пречките кои ни стојат на патот. Омилените ритуали помагаат во тоа, а еден од нив е пиењето на шолја топло, смирувачко кафе. Затоа, уште веднаш направете кафе за вас и јавете им се на вашите најблиски, пријатели и роднини, за да ги потсетите дека мислите на нив. И не заборавајте дека никогаш не сте сами, бидејќи Grand кафе е секогаш тука за вас!