Внесете ја природата на вашата тераса
Со доаѓањето на пролетта и убавото време, се почесто сакаме да сме во природа, но состојбата во која се наоѓаме со Коронавирусот не ни дава можности за да отидеме да прошетаме, па затоа еве од нас неколку предлози како може да ја внесете природата во вашиот секојдневен простор и да уживате во домот и терасата , со неколку растенија, цвеќиња и сончевите зраци со убаво кафе, доручек или вечера и некој здрав цеден сок од различни овошки.
Потурдете се да ја уредите вашата тераса во духот на природата нека биде тоа место каде ќе се релаксирате и ќе се полните со енергија.Еве неколку идеи.