Мажите трошат богатство на 47 годишната вдовица која сака да одмора на ексклузивни места
Сан Тропе, Лас Вегас, Мексико, Бали… Нема каде не прошетала 47 годината Гвинет Ли на трошок на своите богати љубовници. Таа секогаш патува со прва класа, престојува во хотели со 5 ѕвездички, ужива во сонцето, добрата храна и виното.
И сето тоа го плаќаат нејзините пријатели, кои најчесто се женети мажи. На овие ексклузивни патувања таа потрошила над 100 000 долари. Таа ги бира ресортите, се сместува а потоа ѝ се придружуваат нејзините љубовници.
“Зошто да давам пари за одмори кога тоа без проблем можат да го платат моите љубовници. Притоа задоволството е заедничко. И се разбира се е дискретно бидејќи нивните жени се уверени дека мажите им се на деловни патувања. Следниот месец одам во Марблеа со еден индустријалец, а тогаш заминувам за Хрватска со еден преубав маж кој е сопственик на синџир на клубови за здрав живот ,вели Гвинет.
“На Бали ме однесе еден успешен брокер. Неговиот проблем беше што се оженил уште на 19 години со девојката од својот клас и на 40 години сфатил дека не смее да го помине целиот живот само со една жена. Tој никогаш не би ја оставил својата сопруга, а не го ни очекувам тоа од него,” раскажува Британката за една од своите скорешни авантури.
Нејзиниот маж починал пред десет години и отогаш, признава таа , имала над 100 афери со женети мажи. “Животот тече понатаму, “резигнирано вели Гвинет Ли.