Вирусот „избегал“ од лабораторија? Експерт на СЗО: „Не исклучуваме“

Научникот од СЗО, Џон Вотсон изјави дека не ја исклучува можноста пандемијата да започнала кога вирусот избегал од истражувачки институт или лабораторија во Вухан.

Вотсон беше член на мисијата на СЗО која штотуку се врати од Кина, каде го истражуваше потеклото на Ковид-19, објави „Ивнинг Стандард“.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан изјави дека администрацијата на Џо Бајден е „длабоко загрижена“ за раните откритија на тимот, кои критичарите ги опишаа како „прикривање“.

Вотсон рече дека неговите колеги имаат четири различни сценарија за тоа како можело да започне пандемијата.

Тој рече дека сите четири претпоставки се на маса.

На прашањето дали е намалена можноста вирусот да избега од една од двете големи кинески истражувачки лаборатории во Вухан, професорот Вотсон рече: „Не исклучуваме“.

Вотсон призна дека СЗО би сакала да има повеќе пристап до „суровите“ кинески податоци за нивните први случаи на Ковид-19.

„Ќе беше полесно ако го имавме тоа, но ова е само почеток на процесот“, додаде тој.

Според Вотсон, тие биле во Вухан релативно кратко време и поминале многу време за да дознаат како работат нивните колеги.

„Тие ни ја покажаа лабораторијата и ни дадоа можност да разговараме со научници“, нагласи тој.

Translate »