Во Турција објавена мапа на Крим која ја кренала Русија на нозе: Москва веднаш реагирала по прилогот на турската телевизија
Картата која ја прикажала турската телевизија, а која предвидува ширење на зоната на влијание на Анкара на југот на Русија изгледа бесмислено, турската страна треба да се откаже од сништата за руската територија, рекол шефот на Комитетот за народна дипломатија и меѓународни односи при кримскиот парламент, Јуриј Гемпељ.
“Се изгледа многу смешно и потсетува на исечок од научнофантастичен филм. Турската страна може само да биде посоветувана да се откаже од сништата за руската територија, во спротивно би можела да пукне од таквиот претеран апетит” рекол Гемпељ.
Според неговите зборови, Турција активно гледала кон Крим додека се наоѓал во составот на Украина, кога активно водела пропаганда и финансиски активности на полуостровот.
“Сега Крим е легален дел од Русија. Русија не е Украина, со неа такви игри нема да минат”, порачал политичарот.
Претходно телевизијата “TGRT1” во програмата прикажала карта која ја одразува прогнозата на компанијата “Stratfor” за ширењето на турската сфера на влијание.
Се претпоставува дека до 2050-та година на неа ќе се најдат неколку земји од Северна Африка, Блискиот исток, поранешниот Советски сојуз, како и региони на југот на Русија, како Крим, Кубан, Ростовската област и Северен Кавказ.
Потсетуваме, турскиот претседател Ердоган изјавил дека Анкара не го признава Крим за руски регион и дека планира да ги поддржи кримските татари заедно со Украина.
https://pbs.twimg.com/media/Et8w5dUWYAA3uQ_?format=png&name=small