“Обликот на водата”апсолутен победник на ноќта на Оскарите
Филмот „Обликот на водата“ („The shape of water“) во режија на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо доби „Оскар“ за најдобар филм. Дел Торо го доби признанието и за најдобар режисер.
„Оскарот го посветувам на сите млади режисери во целиот свет кои имаат намера да снимаат филмови, онакви какви што сакаат“, изјави мексиканскиот режисер и додаде дека како многу други, е мигрант во Америка, но ги чувствува САД како свој дом.
„Оскар“ за најдобра машка улога доби Гери Олдман за улогата во филмот „Најмрачниот час“ („Darkest hour“), во кој ја игра улогата на Винстон Черчил.
Френсис Мекдермонд доби „Оскар“ за главна женска улога во филмот „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ („Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“). Таа во својот говор ги повика сите жени во салата да станат.
„Не има многу во филмската индустрија во Америка. Важно е да разговараме меѓусебно, бидејќи имаме се да пружиме на таа индустрија“, истакна Мекдермонд.
„Оскар“ за филм од неанглиско говорно подрачје доби Чиле и Себастијан Лејл за „Фантастична жена“ („A Fantastic Woman“). Во филмот главната улога ја игра трансродна личност.
Во категоријата документарен филм, „Оскар“ доби „Икарус“ во кој се зборува за наводното допингување спортисти во Русија. Кошаркарската ѕвезда Коби Брајант, пак, беше награден за краткиот анимиран филм „Dear basketball“.