Циклон ќе ја зафати Македонија!
Од понеделник циклон ќе ја зафати Македонија.
Во понеделник под влијание на циклонска активност со центар над Италија и Јадранското море ќе има повремени врнежи од дожд, најавува метеорологот Славчо Попоски. Локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со засилен ветер, грмежи и пороен дожд. Во следните неколку денови поради продор на топол воздух од југ температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, односно истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 8 до 12 степени.