Германскиот виролог и советник на Меркел тврди: „Имаме втор бран на коронавирус, за 2 месеци ќе бидеме во проблем“
„Не сум сигурен дека по еден месец ќе имаме ваква мирна епидемиолошка ситуација“.
Главниот германски виролог, Кристијан Дростен, предупредил дека за два месеци во Германија ќе постојат нови проблеми со коронавирусот, доколку сега не се ”вклучат сите сензори на алармот”.
Дростен стравува дека поради појавата на жариштето во Северна Рајна-Вестфалија, дека ќе дојде до неконтролирано ширење на вирусот.
Спречувањето на ширењето на вирусот надвор од таа покраина, како што вели Дростен, сега е одлучувачки момент.
Тој исто така укажал дека постојат повеќе места, меѓу кои и Берлин, во кои што постојат јасни назнаки дека коронавирусот се враќа.
Тој истакнал дека веќе од денес властите треба да бидат многу внимателни за да не дојде до втор бран на коронавирусот.
„Не сум оптимист дека по еден месец ќе имаме вака мирна епидемиолошка ситуација“ – изјавил Дростен.
Жителите, како што вели тој, мора да ја дадат потребната поддршка која што им е потребна на здравствените власти.