(ВИДЕО) Награда од милион евра, ова го нуди германски град за една банална работа

Германскиот град Билефелд дава награда од милион евра доколку некој успее да приложи доказ за негово непостоење. 

До 5 септември, секој возрасен Германец ќе има можност да приложи доказ дека Билефелд не постои. Иницијативата доби поддршка и од градските власти кои очекуваат „креативни решенија“.

„99,99% сме сигурни дека можеме да побиеме кој било доказ. Како и да е, време е малку да се забавуваме“, објаснуваат од локалната маркетиншка агенција која го организира натпреварот.

Со овој потег градот сака да стави крај на 2 и чпол децениската стара теорија на заговор, која ја поттикна  еден студент.

Во 1994 година, Ахим Хелд, кој претходно не слушнал за овој град, ја објавил пораката „Билефелд? Не постои такво нешто“ на форумот Унисет. Потоа оваа шега стана вирална, а еднаш дури ја спомена и германската канцеларка,  Ангела Меркел.

Билефелд е познат по еден од најголемите производители на храна во Германија „Др. Еткер“ и на фудбалскиот клуб Арминија.Градот датира од 9. век, има 340.000 жители, универзитет, средновековна тврдина. 

Translate »