Пожар во селото Опеница, чадот се шири накај Охрид
Пожар од вчера попладне го зафати селото Опеница, кое се наоѓа на 8 километри од Охрид, а силниот чад се шири накај градот. Екипи на Противпожарната единица од вчера се на терен, но велат дека тешко оди справувањето со огнената стихија.
Горат смрека и борови, но поради тешко пристапниот планински терен, отежнато е гаснењето на пожарот во шумата. За гаснењето на огнот се ангажирани две возила на Противпожарната единица, а вклучени се и екипи од шумското претпријатие.
Жителите на Охрид ноќеска спиеја со затворени прозорци и врати поради чадот кој се ширеше над градот, а тешка миризба се чувствува и утринава.