Казнети 46 моторџии во Скопје
Во периодот од 18.30 часот до 1.30 часот изутринава, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.
При контролата санкционирани се 46 возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози. Исто така, откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози, соопшти МВР.