Пет едноставни начини да се храните здраво на работа

Здравото и балансирано јадење на работа е тешко за многумина. Ограниченото време за пауза, брзиот начин на живот се причини поради кои луѓето избираат брза храна полна со масти и калории.

The Gardian објави список на совети, вклучувајќи: „Изберете ја вашата храна внимателно, не јадете на работната маса и обидете се веднаш да ги согорите калориите“.

Подгответе свој ручек

Полесно е и знаете што јадете. Можете да ја искористите преостаната храна од вечерата за ладна салата, вели нутриционистот Гилијан Килинер.

„Подготвената храна за јадење од продавницата треба да биде последно нешто по што ќе посегнете да го купите“. 

Не јадете на работната маса

Најдете место каде да го изедете ручекот на мир, ако е можно на отворено. Доколку јадете на вашата работна маса, не го напуштате работното место и не сте фокусирани на вашиот оброк.

Веднаш согорете ги калориите

Ако паузата трае половина до еден час, имате време и за кратко вежбање. Не ја поминувајте паузата во канцеларија, прошетајте или направите лесни вежби за раздвижување.

 Внесувајте течности

Најздраво е да пиете вода, но почесто и во помали количини.

„Премногу течност по оброкот може да доведе до надуеност. Пијте половина литар вода 30 минути пред ручекот. Ова ќе го намали гладот и ќе јадете помалку храна. Се препорачува да се пие до 250 милилитри вода со оброк”, предупредува Гилијан.

Избегнувајте храна богата со јаглехидрати

 Заморот после оброк е заради видот на храната што ја консумирате. Многу јаглехидрати ќе ја зголемат вашата желба за дремка.

„Изберете риба, интегрален ориз, киноа и зеленчук за ручек“, советува нутриционистот.

Translate »