Ослободете се од мамурлaк
Трчањето или некоја друга интензивна физичка активност е одличен начин да се ослободите од алкохолот од минататa вечер. Mожеби и самата помисла на физичка активност ви е одвратна,но вежбањето го забрзува метаболизмот, односно протокот на крвта, што значи дека токсините така побргу се исфрлаат од организмот, вели Крис Алфорд, професор по физиологија Универзитетот на Западна Англија и експерт за мамурлак. Се разбира, истуширајте се и појадувајте нешто освежително за да го поттикнете дополнително исфрлањето на токсините од телото, бидејќи токму тие прават да се чувствувате малаксани. Студијата на професорот укажува на уште еден интересен факт, а тоа е дека е поопасно да возите кога сте мамурливи отколку кога сте под дејство на алкохол. Истражувањето покажало дека грешките кои ги прават возачите ако претходната ноќ пиеле можат да да бидат катастрофални. Затоа исфрлете го целосно алкохолот од системот пред да седнете зад воланот.