Сериски убиец убивал во болница

Медицинскиот брат, познат како Нилс Х. , кој во моментов служи доживотна затворска казна за убиство на двајца пациенти, сега се сомничи дека вкупно убил 178 луѓе во болниците во кои работел во Германија. 40-годишниот болничар на своите жртви им вбризгувал смртоносна доза на лекарства, од кои тие веднаш добивале инфаркт . На судењето во 2015 та година, тој признал дека уште во 2000-тата годинаа почнал да ги убива пациентите во болницата во Олденбург. Кога бројот на смртните случаи станал сомнителен и болничката управа почнала да истражува, тој се преместил во клиниката Демленхорст, во близина на Бремен, каде што продолжил со смртоносната пракса.

Во текот на истрагата, објаснил дека целта му била болните  да ги доведе до инфаркт за да ги реанимира и да се истакне како херој,  спасвајќи ги од сигурна смрт. Најчесто не му успевало. Самиот признал дека убил 30 пациенти.  Тој бил разоткриен во 2008та година кога еден негов колега го пријавил дека предозирал пациент со кардио-лекови.Семејствата кои се сомневаат дека нивните блиски биле жртва на овој сериски убиец, бараат од полицијата детално да го истражи секој случај. Сепак, истрагата е отежната бидејќи повеќето од телата на починатите пациенти се кремирани.

 

 

 

Translate »