Анѓушев-Нема покачување на струјата

Лага се сите информации околу покачувањето на цената на струјата. Тоа е само одвлекување на вниманието на македонската јавност од вистинските теми. А, вистинската тема е дека се врати евтината тарифа на електричната енергија, таа што ја укина претходната Влада, која денеска ја враќаме како придобивка на сите раѓани. Вистина е, исто така, дека во јуни оваа година се бараше покачување на цената на струјата за 6 отсто, но наместо тоа, цената се намали.  Ја информирам јавноста во Република Македонија, дека цената на струјата во иднина, воопшто не е тема. Некој сака да ја пласира како тема за да задскрие други активности кои народот бргу ќе ги види. Македонскиот народ е интелигентен и на таквите лаги нема да потклекне – порача Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Деновиве поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека либерализацијата на пазарот за трговија со струјата била одложена се со цел струјата да не поскапи.

 

Translate »