Заев со порака за “Прочка”: Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации
„Сите ние да побараме прошка едни од други, да простиме и да гледаме напред! Да ги оставиме во минато време политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“. Само помирено општество кое го обединува множеството на различности, ќе донесе стабилна и просперитетна држава за сите наши граѓани.
Денешниот ден, Прочка, нѐ учи дека главните изрази на суетата и на зависноста од неа, се делбите и омразата. Пруживме рака за помирување со сите наши соседи. Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации. Да направиме уште еден подвиг од сите нас, за сите нас“.