КОНЕВСКИ: МИЦКОСКИ ГО ПОДЕЛИ ЧЛЕНСТВОТО, ТОЈ Е ДЕСТРУКТИВЕН ЕЛЕМЕНТ
Поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Конески за ТВ 24 вели дека идејата за средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со иницијативниот одбор била само уште еден обид за манипулирање на јавноста за наводна негова конструктивност.
Конески негира поврзаност со Заев, односно дека се дел од Мериот коалиција.
– Грижата на Заев и СДСМ за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни. На СДСМ и Заев најмногу им одговара Христијан Мицкоски да остане на цело на ВМРО-ДПМНЕ. Вистината е дека Мицкоски го подели членството на предавници, патриоти, профитери, печалбари. Тој е еден деструктивен елемент кој нема демократски капацитети, коалициони, ниту пак има морални капацитети, вели Коневски.