Наследила стан па во подрумот нашла ковчег во кој се криело нешто неверојатно
Една жена која наследила стан од својата мајка во Париз и сакала да го продаде, во подрумот на зградата нашла ковчег со 500.000 евра.
„Не завршивме со броење, но им помеѓу 500.000 и 600.000 евра во банкноти од 500, 100 и 50 евра“, открил извор за „Le Parisien“.
Жената во 50-ти години го наследила станот од нејзината мајка и ги презела сите потребни чекори за да го продаде имотот, недалеку од Марсовите полиња и Ајфеловата кула.
Ангажирала агенција за недвижнини за да ја процени вредноста на станот, а како дел од подготовките за продажба во подрумското складиште било пронајдено богатството скриено во ковчег.
За пронајденото богатство известена е полицијата која покренала истрага. Ангажирана е финансова полиција, специјализирана за истраги за перење пари и фалсификување.