Телесна и духовна рамнотежа за време на постите
Во периодот пред најголемиот христијански празник, Велигден, многумина се одлучуваат на пост. Ова за одредени луѓе не е само традиција туку и начин за физичко, емотивно и спиритуално прочистување. Кога се зборува за постење не се мисли само на одбегнување на одредени намирници туку и начин да се врати човекот на основните вредности, да се стане подисципилиниран и да му се даде на телото можност за регенерација.
Иако како активност самото постење има длабоки корени во христијанството како симбол на скромност, посветеност и духовно растење ова е практика која има и бројни здравствени придобивки како што се: детоксификација на организмот, подобро варење, побрз метаболизам, намалување на инфламаторните процеси и баланс на умот и телото. Во текот на велигденските пости главниот фокус е на растителните намирници како што се житарки, овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодови и се ова го снабдува човекот со потребните хранливи материи.

Она што безгрижно може да се јаде кога се пости е киноа, леќа, ориз, овес од каде што може да се црпи енергија. Од гравот, наутот, грашокот може да се примат протеини. Овошјето и зеленчукот даваат антиоксидансна и витаминска поддршка за телото. Во овој период може да се конзумираат посни десерти направени од темно чоколадо, кокос, урми, мед и природни засладувачи.

Постењето не е само духовно исцелување туку е пред сѐ здрав начин на исхрана за човечкото тело. Истовремено, со ваква исхрана се враќаме на поедноставните, но хранливи навики, а токму dmBio има идеален асортиман за вакви периоди. Житарки, мешунки и здрави ужинки природни засладувачи и здрави напитоци. Во овие производи се избегнати вештачки додатоци и конзерванси. Значи оние кои ќе се одлучат на овој чекор ќе имаат можност да уживаат во кускус, булгур, смути со растително млеко или посен десерт со ореви. Токму со dmBio секој може да овозможи да биде не само духовно прочистен туку овој период да претставува и уживање во храната што ја претставува природата.

