Нотарката Ваневска кандидатка за јавен обвинител
„Политиката и политичарите треба да ги тргнат своите раце од третата власт, а тука спаѓа и јавното обвинителство и судовите. Доколку се остават професионалците да го работат она што треба да го работат, значи да го гонат криминалот, да го процесуираат и да го казнуваат, и ако нема мешање од страна на политичарите, во тој случај сметам дека нема да има никаков проблем да се спроведува правдата“, изјави нотарката Лорија Ваневска во интервју за ТВ 21 . Таа ја најави својата кандидатура за нов државен јавен обвинител.Според неа по 16 мажи обвинители редно е на тоа место да застане жена. Во трката за наследник на Марко Зврлевски најавија кандидатури неколку познати адвокати.
Ваневска засега е единствената жена. Смета дека обвинителството располага со квалитетен кадар кој треба да се остави да работи без политички притисоци.
Ваневска е позната по тоа што го водеше случајот ,,Фиком ,,со измамата која се случи со продажбата на становите на компанијата ,,Фиком, кога еден стан беше продаван на неколку лица, а и самата Ваневскакоја тогаш работеше како адвокатка беше од оштетените граѓани.