Мицкоски: договорот со Грција за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го повторил ставот дека неговата партија не може да го прифати Договорот со Грција зашто, како што рекол, е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските евероатлантски интеграции. Според ВМРО-ДПМНЕ, во текот на разговорите заедничка била костатацијата дека евроатлантската интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на државата, животниот стандард на граѓаните, како и за реформските процеси во правосудството, здравството, и образованието.

Translate »