Не е 12 часа туку 5 дена – еве каде најдолго се задржува коронавирусот

Прочитајте колку коронавирусот може да се задржи во вашето опкружување, на која температура и на која површина.

Со денови веќе се повторува дека превентивата е еден од најважните фактори во борбата против коронавирусот, односно хигиената на рацете треба да биде на прво место.

На тоа треба да се додаде и редовното одржување хигиена на просторијата во која што престојуваме како и предметите или уредите кои што ги користиме.

Знаеме дека коронавирусот се пренесува по пат на директен контак тпреку респираторните капки од инфицираните луѓе кои што настануваат преку кашлање и ќивање како и допирање на површина.

Малку загрижува фактот дека вирусот може да преживее на одредена површина и по неколку часа, но и денови, иако истиот може да се уништи и со средство на дезинфекција.

Научно е докажано дека вирусот на различни површини може да се задржи во различни временски интервали, а за опстанувањето на вирусот допринесува и одредена температура.

На челик, коронавирусот останува до осум часа дневно, во зависност од тоа дали температурата е ниска (околу четири степени целзиусови), а на 20 степени целзиусови се задржува до 48 часа, на 30 степени целзиусови до еден ден. Пример, на ножеви, медицинска опрема, iPhone.

Коронавирусот на алуминиум останува од два до осум часа при температура од 21 степен целзиусов, а на другите метали е во состојба да остане и до пет дена. Пример, прозорци, очила, паметни телефони, компјутери, геџети…

На дрво, коронавирусот останува до четири дена на собна температура, а на истата температура на хартија се задржува до четири дена. Пример, столици, прозорци, маси, врата…

Коронавирусот на стакло може да преживее четири дена на собна температура, на пластика до девет дена. На температура од 30 степени целзиусови коронавирусот на пластика останува од 8 до 14 часа, а на температура од 10 степени и пониска до 48 часа. Пример, очила, компјутер, прозорци, автомобили, згради, телевизори, столици, телефони…

На силикон, коронавирусот се задржува до пет денови на собна температура, а на хируршки ракавици и латекс до 8 часа. Пример, маска за телефон, калапи за печење колачи, украсни додатоци за домот, прибор за готвење и печење.

На различни медицински материјали од ткаенина за еднократна употреба – капи, мантили, маски, наметки, коронавирусот опстанува од еден час до два дена во зависност од температурата.

Translate »