Индијците имаат лек против коронавирусот, се подготвува масовно производство: Се користел и претходно против вируси, а еве како делува

Индискиот произведувач на фармацевтски состојки “Ласа суперџенерикс”, соопштил дека започнал соработка со Институтот за хемиска технологија од Мумбај за да ја започнат работата на фавипиравир, експериментален лек против новиот коронавирус

“Со сите заеднички сили заедно работиме на истражување на фавипиравир, антивирусен лек кој има многу потенцијал во борбата против широкиот спектар на вируси. Ќе ги преземеме сите потребни чекори за да добиеме дозвола од индиската агенција за контрола на лекови, за лекот да се најде на индискиот пазар што побрзо”, рекол докторот Омкар Херлекар, претседател на извршниот одбор на компанијата “Ласа суперџенерикс”. 

Фавипиравир е антивирален лек од широк спектар кој прво го развила јапонската компанија “Тојама Хемикал” против РНА вирусите, како грип, жолта грозница, ебола, норовирус и ентеровирус.

Во Индија овој лек не е заштитен со ниеден патент.

На 20-ти февруари пекиншката компанија “Синхуан Фармасјутикал холдингс” почнала со тестирање на лекот на пациенти заразени со коронавирус. Слично се прави и во Јапонија и Јужна Кореја.

Доктор Харлекар вели дека се чекаат податоци од клиничките истражувања во Кина, а кога ќе ги добијат, за околу 2 недели, “Ласа” ќе започне истражувања за биолошка расположливост и биоеквивалентност пред да бара дозвола лекот да се најде на индискиот пазар.

Како што пренесуваат странските медиуми, Кина сака фавипиравир да го внесе во својата официјална листа на лекови против covid-19, бидејќи ги минал клиничките истражувања со одлични резултати и без значајни нуспојави.

Како што се наведува, истражувањата покажале дека пациентите лечени со фавипиравир побрзо закрепнуваат, посебно нивните бели дробови.

China Daily@ChinaDaily

Chinese researchers have completed clinical studies of #favipiravir, which shows promising clinical efficacy in treating novel #coronavirus pneumonia. #Covid_19Studies show drug to treat novel coronavirus pneumonia looks promisingwww.chinadaily.com.cn11411:20 AM – Mar 17, 2020Twitter Ads info and privacy57 people are talking about this

Третата државна болница во Шенжен спровела истражување на над 80 пациенти, а 35 го примиле овој лек. Резултатите покажале дека тие што ги примиле лекот за 4 дена биле негативни на коронавирусот, додека на останатите им биле потребни 11 дена.

Кај пациентите кои примиле фавипиравир белодробната слика се поправила за 91,43 проценти во однос на 62 проценти од оние кои не биле дел од таа група.

Слично покажало и истражувањето на над 120 пациенти од болницата Жонгнан во Вухан.

Одредени фармацевтски компании веќе добиле дозволи за масовно производство на овој лек во февруари, а научниците препорачале лекот да бие дел од терапијата што побрзо.

Translate »