СТУДИЈАТА ПОКАЖАЛА: ОВАА КОМБИНАЦИЈА НА ЛЕКОВИ ЈА ЛЕКУВА КОРОНАТА!

Комбинацијата на три антивирусни лекови во третманот на коронавирус, со примена на терапија која го зајакнува имунолошкиот систем, доведува до побрзо закрепнување на пациентите, покажа студија направена на Универзитетот во Хонг Конг.

Д-р Квок-Јунг Јен и неговите колеги од Универзитетот во Хонг Конг тестираа комбинација на три антивирусни лекови за лекување на пациенти заразени со вирусот на коронавирус.

Тепарија вклучува комбинација на ритонавир и лопанивир кои се користат за лекување на ХИВ, бета интерферон, лек за мултиплекс склероза и ремдесивир што обично се користи за третман на КОВИД-19. Сите пациенти вклучени во студијата имале благи до умерени симптоми на болеста, а терапијата била спроведена во првите седум дена по добивањето на позитивен резултат на тестот.

Една група на пациенти била третирана само со комбинација на лекови што се користат како терапија за ХИВ, додека другите биле третирани со комбинација на сите овие лекови. Истражувањето покажало дека првата група на пациенти била болна во просек 12 дена, а другите седум.

Покрај тоа, пациентите третирани со комбинација на трите антивирусни лекови биле во подобра состојба по само четири дена.

Оваа терапија е супериорна во однос на ритонавир и лопанивир во смисла на ублажување на симптомите на болеста и скратување на нејзиното траење, посочија авторите на оваа студија.

Тие напоменаа дека терапијата е безбедна и дека има малку несакани ефекти, како и дека е многу важно да се започне со терапија што е можно поскоро за време на третманот со КОВИД-19.

Д-р Питер Цин-Хонг од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, тврди дека оваа студија нуди нова надеж за третман на пациенти со КОВИД-19. Тој за Си-Ен-Ен изјави дека овие лекови се безбедни и лесно достапни, за разлика од ремдесивирот.

Translate »