Средношколците се приклучија на бунтот во Франција, превртуваат автомобили по улици (ВИДЕО)
Француските средношколци се приклучија на протестите на „жолтите елеци” во земјата што избувнаа поради високите цени на горивата.
Протестите на средношколците ги организира Националната унија на ученици од средните училишта поради образовните реформи што ги предложи францускиот претседател Емануел Макрон.
Запален автомобил пред средното училиште во Aubervilliers Запален автомобил пред средното училиште во Aubervilliers
Реформите предвидуваат исфрлање на предмети како наука, општествени студии и книжевност, а учениците мора рано во школувањето да одберат одредено стручно занимање.