ВИДЕО: Делириум во Париз – над 100.000 фанови полудеа по последниот судиски свиреж!
Со победата над Хрватска од 4-2, фудбалската селекција на Франција по вторпат во својата историја стана шампион на светот.
На радоста на француските фанови им нема крај, а покрај на „Лужњики“ во Москва највозбудливо беше во Париз, каде над 100.000 луѓе го прославуваат историскиот успех на Дешамп, Мбапе, Погба, Гризман, Канте, Лорис…
За утре попладне предвиден е дочекот на новите светски прваци во Париз.