Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон
Новак Ѓоковиќ не го криеше воодушевувањето по одличниот настап на Вимблдон и заслужениот трофеј на британскиот гранслем турнир. Повеќе од се, тој беше презадоволен што радоста може да ја поели со својот син, кој по завршувањето на мечот пристигна во свечената ложа.
„Ова за мене е повеќе од трофеј. Прекрасно, првпат во животот некој да ми вика „Тато“ од ложта. Те сакам сине, најмногу од се! Стефан поради правилната не можеше да го следи мечот бидејќи нема пет години, но влезе штом го кренав трофејот. Многу ми значи што е тука крај мојата сопруга“– истакна Ѓоковиќ.
Тој се осврна и на двете тешки години во кои се мачеше со повреди и слаба форма, за сега конечно да покаже дека повторно е оној стариот, и тоа на најголемиот тениски турнир.