Откако починала , ѝ ги извадиле очите, срцето и мозокот и ја вратиле дома спакувана во вреќа

Аманда Гил долго време го планираше одморот во Латинска Америка, но оттаму не се врати жива. На 41 годишната Британка наеднаш ѝ се слошило во Мексико,  поради компликации од дијабетесот кој со години го имала. По 12 часа поминати во         ” Клиниката де Кос” во Мексико Сити, таа починала.

Аманда , во добро расположение, секогаш подготвена за патувања

Во медицинските извештаи како причина за смртта била наведена  кетоацидоза, состојба која може да се јави  кај лица заболени од шеќерна болест.   Телото било вратено во Британија, а во документите на мексиканските власти стоело дека таа починала како резултат на внатрешно крварење. Ваквите наводи британските патолози  ги отфрлија како чиста глупост.

 

Боницата во која починала Аманда

Нов шок било кога лекарите   утврдиле дека  од телото биле извадени сите витални органи ,  па дури и очите на починатата.  Семејството на Аманда  веднаш побарало објаснување од болницата во Мексико, но оттаму  им рекле дека телото било непипнато кога  го предале на  полициските служби,  кои потоа го транспортирале во  Британија.

 

Мајката на Аманда: ” Го вратија телото на мојата ќерка празно”

И додека блиските на починатата и британските власти бараат одговор, надлежните во Мексико молчат. Мајката  на почината се сомнева  дека органите на нејзината ќерка се продадени на црниот пазар.  Шверцот со органи е распространет во Латинска Америка, а во бизнисот сега е вмешана и нарко мафијата бидејќи профитот е огромен.

Над 20 000 пациенти во Мексико  чекаат на трансплатација, но  поради религиозни причини има многу мал број на донатори на органи. Експертите велат дека најголем проблем се корумпираните лекари, така што шверцот на органи најчесто се случува во болниците.

Translate »