Тригодишно девојче стана милионерка на Инстаграм
Тригодишната Мили-Бела Дајмонд има свој замок, милиони обожаватели на инстаграм, а за пост заработува и по 500 долари. Во замокот кој чини 5 000 долари, таа има свој телевизор, кристален лустер, кревет на кат, креденец, бавча…
Малата Австралијанка има гардероба и шминка на која би и позавиделе и холивудските ѕвезди, а сето тоа е спонзорирано од модните брендови и интернет фанови кои ја следат Мили .
Таа стана популарна уште како бебе преку you tube видеа кои ги снимаа нејзините родители, во кои таа јаде нутела или се игра со памперсот. Годинава таа прошета и на модната писта во Њујорк, а Мили има и свој бренд “MBD Label”.
Еве едно од видеата со кои малото девојче стана популарно и богато, а преку неа и нејзините родители кои велат дека нивната ќерка има пресреќно детство.