Се продава моќната лимузина на Путин: “Aurus” го воодушевил светот на инаугурацијата на рускиот претседател, цената е ситница, а еве кои се главни купувачи
Руската компанија “Aurus”, првиот руски ултралуксузен автомобилски бренд, отворила изложбено-продажен салон во Москва.
Во салонот потенцијалните купувачи може да се запознаат со моделот “Senat”, кој има мотор од осум цилиндри и две турбини, како и погон на сите четири тркала.
Целната група на купувачи на “Aurus”, чија цена е 274.000 долари, во главно се клиенти од Северна Африка и Блискиот исток, но наменета е и за европски и кинески купци.
“Очекуваме сличен салон да биде отворен во Кина во 2020-та или 2021-ва година”, рекол рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров во текот на церемонијата на отворањето на салонот во Москва.
Директорот на брендот “Aurus”, Адил Ширинов, изјавил дека не се планира малопродажба на тие автомобили во 2019-та година, но дека ќе биде можно автомобилот да погледне и да се нарача.
AURUS Russia@AurusRussia · Aug 23, 2019Replying to @AurusRussia
«AURUS – машина для динамичных, успешных деловых людей, высокотехнологичный и инновационно-прорывной продукт. И символично, что шоурум бренда открылся именно в деловом сердце России – «Москва-Сити».
Здесь сосредоточены офисы крупнейших российских и международных компаний, это центр прогресса и высоких технологий. В шоуруме потенциальные клиенты, партнеры и СМИ смогут получить уникальный опыт знакомства с автомобилем и узнать все о бренде AURUS», – отметил глава Минпромторга.18:52 PM – Aug 23, 2019Twitter Ads info and privacySee AURUS Russia’s other Tweets
Проектот “Kortez” опфаќа луксузни автомобили за највисоки државници и во него спаѓаат лимузина, седан, миниван и теренец.
Со проектот раководи Државниот истражувачки институт за автомобили, со партнерство со групата “Solers” и странски партнери. Русија во проектот вложила 189 милиони долари.