Погодете која од овие три дами има седум деца
Понекогаш реалноста е почудна од фикцијата. Џесика Енслоу (трета од десно) е вистинско чудо, има 43 години и седум деца, а на сликата, верувале или не, е со нејзините две ќерки. Џесика го родила своето прво дете кога имала 20 години со првиот сопруг.
Својата иделна фигура ја стекнала, вежбајќи три пати неделно во теретана.
Таа открива дека не изгледала секогаш вака. ” По породувањата паѓав во депресија и се лечев, јадејќи банани со течно чоколадо”, вели Џесика.” Откако го родив последното дете, си реков -доста е! Со подршка на моето семејство и сопругот се вратив на здравата храна и здравиот начин на живот а тоа им го советувам на сите жени, независно од нивните години”, порачува мајката на седум деца од Јута.