Таткото на убиеното и силувано девојче самиот направи закон за казнување на педофилите
Во Србија се се смени во 2013-та година кога беше изгласан Законот на Марија, кој го доби името по осумгодишната Марија Јовановиќ од Стари Лединаци кај Нови Сад. Таа во 2010-та година беше силувана и убиена од Младен Огулинац, кој претходно бил оосудуван за сексуални деликти врз деца.
Таткото на Марија , Слободан Јовановиќ го напиша новиот закон за педофили една година по смртта на ќерката. Со него се предвидува казна затвор до 40 години, без можност за порано пуштање на слобода поради добро однесување.
Слободан Јовановиќ ни раскажа како го напишал законот и што оттогаш се променило во Србија. Веднаш на почетокот на разговорот, Слободан не замоли текстот да не биде патетичен, иако вели дека е свесен оти луѓето најмногу читаат токму патетични приказни и црна хроника. Не сакам сожалување за мене, ниту за она што останало од моето семејство.
Без оглед на тешката животна ситуација во која се нашол, Слободан одлучил да се избори за сите деца, за да не им се случи истото што и се случило на неговата ќерка. Кога го пишувал закон, вели дека му било најважно да се спречат педофилите во намерата да посегнат кон децата и извршат вакви монструозни дела.
“Законот е замислен така да делува превентивно и да испрати јасна порака до оние кои ќе се обидат да извршат вакви дела дека ќе ги фати раката на законот,” вели таткото на убиената марија.
Тој беше поттикнат да го напише овој закон откако на властите во Србија им требаше цела година за да го казнат злосторникот. Додека чекаше институциите да превзмат нешто, тој го напиша законот.
“Додека јас чекав владата нешто да покрене, ги проучував антипедофилските закони во САД, Велика Британија, како и другите европски закони. Потоа решив да го напишам мојот предлог законот на јасен, народен јазик, за сите читлив и чист. За седум дена го осмислив законот”, објаснува Слободан Јовановиќ, кој по професија е бравар, а волонтерски се занимава и со новинарство.
Владата јавно вети дека ќе стори сé за да се изгласа законот, но бидејќи беше предизборна година 2011/2012 тоа не беше возможно “, вели Јовановиќ.
Потоа се промени власта и повторно требаше да се направат медиумски притисоци за изгласување на законот. Во март 2013 година тој беше ставен пред Собранието и беше изгласан следниот месец.
“За дело педофилија, пред донесувањето на Законот за Марија, казните беа многу помали. За дела со смртен исход казните изнесуваа 5 до 18 години, а сега за ова дело казните изнесуваат од 10 до 40 години затвор. Во новиот закон веќе не постои можност за застарување за такво кривично дело “, вели Јовановиќ.
Според Законот на Марија веќе нема намалување на казната туку осудениот мора да ја издржи целата казна. Нема условно пуштање од затвор.
Регистрираните педофили не можат да работат со деца, а пред да биде донесен Законот за Марија можеа. Имавме таков случај на домар кој силуваше девојче, а по завршувањето на казната се врати на истото работно место, вели Јовановиќ.
Сега во Србија постои и мониторинг на педофилите. По отслужената казна, тие се следат..Ако менуваат место на живеење, мора да се пријават. Кога педофилот патува во странство, државата е обврзана да пријави кај властите на другата држава дека тој доаѓа таму.
По отслужување на затворската казна тие остануваат уште 20 години во регистарот на педофили, а задолжително мора да се јавуваат кај доктори и социјални работници, што значи дека струката по нивното отпуштање мора да се занимава со нив, “вели Јовановиќ.
Тој нагласува дека без поддршката на социјалните мрежи, овој закон никогаш не би бил усвоен.
превземено од ИНДЕКС.ХР
Во Македонија ,со последните законски измени за кривичното дело педофилија, казната затвор е зголемена до 12 години, полово дејствие врз дете под 14 години се казнува со минимум 15 години до максимум доживотен затвор. Законот предвидува и намалување на максималната казна доколку сторителите се согласат со хемиска кастрација.