Политичарот Оливер Ивановиќ убиен на Косово

Лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ е убиен утрово во Косовска Митровица.

Ивановиќ бил застрелан утрово во 8.15 часот додека влегувал во просториите на неговата партија. Според косовските медиуми, во Ивановиќ било пукано со 5 куршуми.

Косовската полиција трага по непознатите напаѓачи.

Врз Ивановиќ било пукано додека влегувал во канцеларијата, а го пронашле неговите колеги. Починал во болницата.

Делот од градот каде се случил нападот е блокиран од бројни полициски сили.

Неодамна во Северна Митровица беше запален автомобилот на Ивановиќ.

Оливер Ивановиќ, на изборите на Косово, беше носител на листата на „Слобода, демократија правда“, а на последните локални избори на Косово, на 22-ри октомври, 4-ца кандидати од неговата листа се повлекоа од изборите поради застрашување.

Translate »